Не им било пишано тој ден – Луѓе кои го преживеале невозможното


Што би рекле старите, не им било пишано тој ден.

5. Заробен под вода, цели три дена

Харисон Окене се спремал за својата венчавка. Бил млад, среќен и имал добра работа како готвач на брод. На 26-ти мај оваа година, се разбудил и тргнал кон бањата. А потоа нешто удрило во бродот, кој малку подоцна потонал.

uragan vodaТој, пронашо церада и ќебе со кое успеал да го запре протекувањето на вода во неговата кабина. Пронашол вода и храна, и сето тоа време бил во неговата кабина, а водата таму достигнувала ниво, речиси до неговата карлица. Како да тоа не е доволно, па и ајкулите започнале да влегуваат во трупот на бродот во потрага на храна. Кога велиме храна, мислиме на неговите колеги. 62 часа тој бил заробен под вода.

Благодарејќи на компресираниот воздух, односно, кога бродот потонал, притисокот на водата го складирал целиот воздух во малобројните џебови (кабини). Па во самите кабини имало повеќе кислород од вообичаеното. Токму тоа го спасило Харисон. Кога компанијата испратила нуркачи, 3 дена подоцна им станало јасно дека во шуплините на бродот има некој жив. Спасувачките и нуркачките екипи го извлекле, некое време тој бил во хипербарична комора, но сега тој е жив и здрав, а Холивуд се спрема да сними филм.<

4. Во длабочините на торнадото

Наша среќа е тоа што не можеме да видиме торнадо во живо на овие простори. Но затоа знаеме како изгледа благодарение на филмовите.

tornado2Мат Сутер, во 2006 година имал 19 години, и тргнал во посета на својата баба. Потоа времето се влошило, поточно се приближувало торнадо. Мат влегол во приколката и ги затворил прозорците.

Во следниот момент тој бил во воздух со се приколката. Но ако мислите дека силниот ветер од 300 км/ч го разнел на мали парчиња, грешите. Тој се онесвестил, и со неверојатно чудо преживеал.

Подоцна тој се разбудил среде поле, во близина на местото на настанот, малку подалеку од потполно уништената приколка, но тој бил во добра здравствена состојба односно поминал само со неколку гребнатинки. Ова не е прв пат, во 1955-та година, еден деветогодишник преживеал слична ситуација

3. Мегацунами

Далечната 1958 година се случило мегацунами, поточно најголемото кое се случило до сега. И цунамито не е баш фина работа, но во овој случај зборуваме за мегацунами, кое му се случило токму на едно рибарско бродче.

cunami 1За почеток да ви кажеме дека самиот бран, бил повисок од “Empire State Bulding” и имал повеќе од 500 метри височина. А тоа е навистина многу. Настанал од парче планина од 30.6 милиони кубни метри карпа која се одронила, и паднала во морето, во близина на Алјаска. Бранот уништил се околу себе, освен неколку момци кои безгрижно сурфале на него.

Хауард Улрич и неговиот осмогодишен син Сони одбрале погрешна вечер за рибарење. Во 22:15 часот слушнале гласен грмеж, кој подоцна го опишале како експлозија од атомска бомба. Следно што виделе, било ѕид од вода висок половина километар како им се приближува.

“Сине, започни да се молиш”, му рекол таткото на синот, а себе си си ставил виски. Мажи со стил зарем не? Но изгледа дека молитвата на малиот Сони била успешна па цунамито не ги уништило. Напротив, тоа само ги подигнало на врвот, од каде што безгрижно ја гледале околината некои 30 минути. Потоа бранот исчезнал, а нив им останала авантура за која сигурно често зборуваат.

2. Под експлозијата на атомската бомба

Во јули 1957-ма година, шест војници доброволно се пријавиле за посебна задача. Да стојат под експлозијата на атомска бомба. Точно под самата експлозија. Идеата на оваа задача била да им се објасни на граѓаните дека радијацијата не е толку страшна работа, бидејќи самите жители не биле одушевени поради атомските тестирања во својот крај.

y6l4yU41

За сета задача да биде уште по луда, самите војници немале никаква заштита. Камерманот сепак не препуштил се на самата ситуација, па облекол посебна облека, бидејќи слушнал што ќе се случи, и на која мисија го пратиле. Неверојатно но, сите шест војници преживеале. И живееле долги, и среќни животи после тоа. Всушност и до ден денес двајца од таа мисија се живи. А тоа што сите добиле рак, во некој дел од својот живот, веројатно е само случајност.

1. Пад од 10.000 метри

Во својата долга и славна историја Југословенскиот авиотранспорт имал само две сериозни несреќи. Првата била во 1973-та година кога авионот на лет 769 од Скопје кон Титоград, удрил во врвот на една планина во близина на Титоград, денешна Подгорица. Втората несреќа се случила над тогашна Чехословачка авионот DC-9 од компанијата ЈАТ кој летал од Стокхолм кон Загреб се срушил од непознати причини, загинале 27 патници и членови на екипажот, но не и Весна Вулович, стјуардеса од 22 години.

Преживеала експлозија на бомба, како и пад од 10.160 метри, имала фрактура на черепот, три скршени пршлени и била привремено парализирана, но после 27 дена во кома, заздравела, а подоцна и проодела. Подоцна, таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како личност која преживеала пад од најголема висина.

Think.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1