,,Не излегувајте надвор!” – Грција и Италија погодени од силен ураган


Силен ураган со високи бранови го погоди утрово јужниот дел на Грција, предизвикувајќи прекин на електричната енергија и на поморскиот сообраќај.

Ураганот ги погоди островите Пилос и Мотони , а траектите се блокирани меѓу атинското пристаниште Пиреја и островите Киклади, како Миконос и Санторини . Застој на поморскиот сообраќај има и кон островите Родос и Кос.

За сега нема информации за повредени , а жителите се соочуваат со високи бранови и силни ветришта.

Во наредните 48 часа ураганот би можел да ја погоди Атина, а потоа во недела навечер би се движел со ослабнат интензитет кон североисток.

Во текот на денешниот ден со најголема сила , ураганот ќе го погоди островот Крит ,за потоа на удар да бидат островите покрај брегот на Турција.

Ударите на ветар ќе достигнуваат и над 150 километри на час.

Ураганот ,,Медикен” вчера погоди делови на Италија и предизвика голема материјална штета , но за среќа немаше повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1