Не јадете секаде: Масовно труење во Драчево – 37 завршија на Инфективна


Масовно труење во Драчево. Досега 37 лица завршија на Клиниката за инфективни болести. 12 од нив се хоспитализирани а меѓу нив е и 29 годишна трудница, дознава zdravstvo24.mk. hamburger02Во епидемиолошката анкета сите изјавиле дека јаделе од сендвичара во Драчево. Првиот пациент бил примен ноќта меѓу вторник и среда. Најмладиот кој побарал помош на Инфективна има 4 години а најстариот од затруените е 30 години.

Првичните претпоставки се дека сите имаат бактериска цревна инфекција, но се чекаат резултатите од ИЈЗ за дефинитивно лоцирање на причинителот.

Дел од пациентите кои побарале лекарска помош имале бурна реакција проследена со дехидрирање, пролив и повраќање. Според информациите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, сендвичарата по пријавувањето е веднаш затворена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1