Минстерот Расим Љајиќ не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за атентатот на Оливер Ивановиќ.
Љајиќ бил голем пријател со Ивановиќ рече дека многу е потресен поради веста дека е „ убиен на правдина“.
– Не можев да верувам дека тоа се случ, но од апсењето на Ивановиќ до палењето на неговиот автомобил често го прашував што бараша повеќе во Митровица, рекол Љајиќ.
– Сите имавме чувство на таа загриженост. Не верувам дека некогаш ќе се дознае кој го уби Ивановиќ, рекол министерот за РТС.
Исто така тој додал дека овој атентат уште толку ја влоши ситуацијата на Косово.
Тој најавува дека сите институции ќе бидат вклучени за расветлување на убиството, дури и дека ќе се бара и меѓународна помош.
Министерот рече: „Излегува дека Ивановиќ во притворот беше најбезбеден отколку на слобода“, но најважно од се е да се открие кој стои зад убиството.