Вие не можете да офарбате толку, колку што ние ќе исчистиме, порачуваат граѓаните
Вандализмот врз споменици на македонската историја наидува на се поголема осуда од граѓаните, а денеска група на жени си покренале и иницијатива за чистење на Портата.
Од дедо Ное оваа мајка Македонија раѓала чеда македонски, ама изроди како овие што фарбаат споменици не родила до сега. Они може да фарбаат ама моето срце не може да го офарбаат, моето чуство за Македонија и за македонската историја не можат да ја офарбаат.
-Млади сте на вас останува државата, ние веќе поминавме, ама вие треба да бите многу силни и да го издржиме ова. А ние повторно ќе се собираме и ќе бришеме. Како они што наоѓаат средства да фарбаат, да валкаат и да плукаат по нашата Македонија, така и ние ќе најдеме да избришеме, велат жените кои самоволно и доброволно се организирале за ваква акција.