Не наседнувајте – Нова измама се шири по Facebook – освојте iPhone 6


Неодамнешното претставување на новитетите на Apple го искористија и онлајн измамниците. Една од новите измами е поврзана со Facebook, а тврди дека може да освоите iPhone 6 во „три едноставни чекори”.

 

Страницата Hoax Slayer истражуваше и откри дека станува збор за потенцијално скапа грешка доколку корисниците наседнат.

iphone5-handson_67427a

Апликацијата на Facebook преку која се одвива измамата, освен вообичаениот пристап до податоците бара корисниците да отидат и на посебна страница на која треба да се прифати апликација за учество, од каде корисниците ќе ги пресретне поп-ап прозорче со инструкции дека мора да учествуваат во една или повеќе анкети пред да ја прифатат апликацијата.

Во моментот кога корисникот (за анкетата) ќе го остави својот мобилен број, ќе се претплати на скапа СМС услуга – Hoax Slayer тврди дека на корисниците ќе им бидат наплатени по 7 долари за секоја испратена СМС порака до нив, а освен тоа може да им бидат испратени и куп спам пораки, зависно од опциите кои ги одбрале на анкетата.

Kajgana.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1