Времето денеска во цела Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад.
Дневните температури ќе се движат од 19 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 28 степени.
Во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. Во претпладневните часови ќе преовладува малку до умерено облаччно време и релативно топло за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален краткотраен дожд, наместа проследен со ретки грмежи.
Дневната температурата на воздухот од петок ќе биде во постепено опаѓање, но сѐ уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, освен за викендот кога се очекува извесно преодно стабилизирање на времето, прогнозира УХМР.