Покрај вода, би требало да посветите внимание и на гардеробата, шминката, но и храната.
Гардероба
Потрудете се да избегнувате парчиња облека кои се изработени од синтетички материјали, наместо тоа, избирајте комфорна облека изработена од природни материјали (лен, памук). Вистински избор се секогаш долгите бели кошули кои може да ги носите и со џинс, и со хеланки.
Исто така нема да згрешите ако се одлучите за летно палто кое ќе го впарите со маичка со прекурамки и пантолани.
Долгите фустани се секогаш добар избор, но ако одите на работа или на факултет, потрудете се да облечете и тенок летен кардиган како би изгледале примерно.
Аксесоари
Избегнувајте премногу ѓердани и белегзии. Покрај тоа што може да делува невкусно, може да се соочите и со непријатно чувство при потењето.
Подобро е да се одлучите на пример за подолг елегантен ѓердан или можеби летна марама.
Шминка
Не користете сапуни кои ја сушат кожата, туку одлучете се за безалкохолен тоник со кој нежно ќе го исчистите лицето пред да ја нанесете вашата хидратантна крема. Во својата омилена дневна крема може да додадете и неколку капки сок од алое.
Употребете го трикот на професионалните шминкери и четките навлажнете ги пред да ги натапкате во сенките за очи. На тој начин сенката ќе биде покремаста и подолго ќе трае на вашите очни капаци.
Ако зборуваме за пудрата, изберете некоја со лесна структура која не е на маслена база. Исто така може да ставте и тенок слој пудра во прав.
Храна
Секако дека не би требало да ги прескокнувате оброците, но во жештините се советува консумирање на полесна храна. За појадок изберете овесна каша со јаболко, цимет и малку мед или гранола мусли во кои ќе уживате во комбинација со бадемово млеко.
За ручек определете се за Цезар салата или пилешко со зеленчук, додека за вечера може да изберете печена риба и некоја сезонска салата.
Освежување
Освен ладалото, како обврзен летен аксесоар, и секако шишето вода, освежување може да си обезбедите и со други нешта. На пример, може да изберете чај од портокал, мента или ѓумбир кои се фантастичен избор за тропските денови.