Не починал од ударот – изгорел до смрт – покажа обдукцијата на Пол Вокер


Објавена е официјалната посмртницата на актерот Пол Вокер. Со неа се потврди дека актерот починал од трауматични и термални повреди.

pol-vokerТоа значи дека тој не починал само од ударот на автомобилот во столбот, туку тој изгорел до смрт.

Судскиот вештак додава дека за разлика од Пол Вокер, возачот Роџер Родас не починал од изгореници, туку само од трауматични повреди.

Во двете посмртници се наведува дека жртвите починале брзо, а според докторот времето од ударот до горењето на телата било многу кратко.

За потсетување, Пол Вокер и неговиот пријател Роџер починаа на 30-ти ноември во сообраќајна несреќа во Санта Кларита, Калифорнија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1