Не постои инструмент на легитимирање со лисици на рацете, му одговори левицата на министерот Спасовски


Не поминаа ни пет минути откако го извадивме транспарентот, полицајците се качија на маестото каде што се наоѓавме и не уапсија сите четворица. Гораст Муратовски, член на Левица, раскажувајќи го вчерашниот инцидент на ГТЦ, кога припадници на МВР спречија четворица демонстранти да истакнат транспарент на кој пишува “Против Војна за Профит”, за време на презентацијата на воената опрема на САД, вели дека 15 минути биле држени со лисици на рацете.

Во правната пракса не постои таков изум на легитимирање со употреба на лисици, и во случајот се прекршени најмалку три правни акти, реагираат од “Левица”.

Неколку часа по завршување на настанот, Министерот Оливер Спасовски преку својот ФБ профил реагираше дека немало приведување, туку легитимирање.

-САКАМ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ПРОВЕРЕНИ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕВЕНТУАЛНА УПОТРЕБА НА СИЛА ВРЗ ГРАЃАНИТЕ КОИ ПРОТЕСТИРАЛЕ. ДЕТАЛНО ЌЕ СЕ ИСПИТА СЛУЧАЈОТ И ЌЕ ИМА СООДВЕТНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА, напиша Спасовски.

Од МВР денеска соопштија дека одделот за внатрешна контрола веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување, и доколку се утврди пречекорување на превземените полициски дејствија, тоа ќе биде соодветно санкционирано.

ПРАВОТО НА ПРОТЕСТ Е НЕПРИКОСНОВЕНО И СО УСТАВОТ НА РМ – ЗАГАРАНТИРАНО ПРАВО КОЕ ШТО, МЕЃУ ДРУГОТО, ПОЛИЦИЈАТА ИМА ДОЛЖНОСТ ДА ГО ШТИТИ, ИСТО КАКО ШТО ИМА ДОЛЖНОСТ ДА ГО ШТИТИ ЈАВНИОТ РЕД И МИР И СИГУРНОСТА И БЕЗБЕДНОСТА НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА РМ, се вели во соопштението на МВР.

Од “Левица” најавуваат дека нивниот правен тим, за овој случај ќе поднесе претставка до Народниот првобранител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1