Не сакам да гледам слики од децата што ги убив – изјавил Коста, убиецот од Рибникар


Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет врсници и училишен работник од обезбедување во училиштето „Владислав Рибникар“ за време на рочиштето во истрагата одбил да ги погледне фотографиите на убиените во масакрот што призна дека го извршил, пишуваа српски Курир.

– Не ги видов сликите по 3 мај минатата година – изјавил тој на распитот, според неофицијални информации.

– Не сакам да ги гледам, не ми е удобно – изјавил Коста К. на распитот.

Тој денеска треба да сведочи на второто рочиште во случајот против неговите родители, а прашања ќе му поставуваат родителите на жртвите.

Тој повторно ќе биде донесен во најголемата судница на Специјалниот суд во Белград со Брза помош, во придружба на полиција од клиниката каде престојува од 3 мај 2023 година.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1