Не се офајдија што се во Европа – се поголем број млади Словенци се иселуваат


Околу 3 отсто од Словенците во возрасната група од 25 до 39 години живеат во странство, а трендот на иселувањето на младите кои не можат да најдат работа во татковината забележлив е последните четири години, според податоците за 2015 година кои ги објави државниот завод за статистика.

Во споменатата возрасна група од Словенија се одјавиле околу 13.000 лица, меѓу кои 41 отсто оние кои имаат завршено најмалку средно училиште, третина е со факултетски дипломи, а работа во странство го бараат и околу 300 лица со магистерски или докторски научни звања.izbori-slovenija-500

Најмногу млади Словенци минатата година се отселиле во Австрија, Германија и во Хрватска. Според статистичките податоци, во овие земји заминале речиси половината од вкупниот број млади кои се иселиле во странство.

Државната статистика во последните четири години забележува тренд на засилено иселување на младите, и покрај кампањата на актуелната влада да го намали со специјална програма за вработување на младите за кои се користат и средства од европската програма за гаранции за младите.

Со програмата за вработување и образование на младите Словенија минатата година ја прифати обврската дека во рок од две години на сите млади на возраст од 15 до 29 години ќе им понуди вработување или оспособување за нова работа во рок од четири месеци откако ќе се пријавата на пазарот на трудот.

Во рамките на таа програма, минатата 2014 година биле потрошени 47,5 милиони евра на 46.000 млади лица кои барале работа, но констатирано е дека програмата немала поголем ефект врз вработувањето на младите, бидејќи според службените податоци, меѓу младите таа се намалила само за еден процент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1