Не се паничете не е НЛО: НАСА тестираше своја ЛЕТЕЧКА ЧИНИЈА (Видео)


Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) денеска изведе успешно тестирање на екпериментално летало што наликува на „летечка чинија“.

nloНАСА соопшти дека од островот Кауаи на Хаваите бил лансиран хелиумски балон кој во височините го однел вселенското летало.

Целта на експериментот била да се тестира новата технологија која во иднина би можела да се користи за мисии за слетување на Марс.

Лансирењето било неколкупати одлагано поради силниот ветер и лошото време, но сепак на крајот балонот со големина на фудбалско игралиште полетал и за два и пол часа достигнал височина од 36.576 метри над Тихиот Океан.

Тестирањето на технологијата за мисиите на Марс се врши на големи височини во земјината атмосфера, бидејќи условите таму се слични на оние на „Црвената планета“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1