Не се вапсуваат јајаца на гладно, ќе бидете болни – адети за Велики четврток


Црвеното јајце е симбол на Велигден.
Првите три јајца се вапсуваат на Велики четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години

crveno-jajceСтарите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце.
– Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.
– Второто е за домаќинот на семејството.
– Третото за бериќет и за стоката.
За првото јајце се верува дека има магиска моќ, па затоа неговото место е под иконата.

Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести. Обичаите велат дека домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапсувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапсува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен…

Сепак, и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Велиkчетврток, домаќинката (или кој било што ги вапсува јајцата) ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело!

Инаку, вапсувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што, всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.
Тој обичај, според преданието, потекнува од чинот на Марија Магдалена, која по Христовото страдање тргнала во Рим за да го проповеда евангелието. Кога излегла пред царот Тибериј, му подала црвено јајце и рекла: “Христос воскресе”. Оттогаш, спроти Велигден, христијаните ги бојат јајцата и со тоа го одбележуваат Христовото воскреснување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1