Не смее да се продаде ниту литар вино без документ


Секој литар вино пуштен во продажба мора да има решение за ставање во промет. Министерството за земјоделство ја скрати досегашната постапка за издавање на истото од 30 на 10 дена. Во исто време винарниците не мора да поднесуваат документација во Скопје, туку со сегашниот правилник истите може да ги добијат во подрачните единици.

vinoВо ресорното министерство велат дека секој литар вино кое се пушта во промет мора да го следи решение за промет.

Со подобрувањата на постапката, во иднина сите производители на вино ќе може да ги поднесуваат барањата во подрачната единица во која се наоѓа седиштето или производниот капацитет на производителот – пишува во соопштението.

Со таксена марка од 250 денари, уште во текот на истиот ден ќе го препратиме до централата во Скопје. По еден примерок добиваат апликантот, подрачната, Инспекторатот за земјоделство и секторот за лозарство, винарство и овоштарство при Министерството за земјоделство.

Според официјалните податоци, квотата на Македонија за извоз на вино кон земјите од ЕУ во 2011 за вино во шишиња изнесува 7 милиони литри и е исполнета со околу 36 отсто. Kвотата за 2012 година е 7,9 милиони литри за финален производ, а 32 милиона литри. За годинава е нешто повисока за разлика од лани. Извозот кон трети земји годишно е околу 40 до 50 отсто од вкупно извезеното вино.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1