Не ставајте точка на крајот на пораките кои ги праќате по телефон- еве зошто


Ако не сакате пријателите погрешно да ве разберат никогаш не ставајте точка на крајот на вашите пораки кои ги праќате по телефон.sms

Лингвистите велат дека точката всушност претставува скриена порака. На пример – „те мразам”. Научничката Лорен Колистер објаснува дека точката се доживува како претерано формална комуникација. Која во некои ситуации не е добра.

„Значи кога ќе ставите точка на крај на реченицата, тоа може да се доживее како чуден или навредлив потег” – вели Лорен. „СМС и другите куси пораки се многу ефикасни и додавањето на точка претставува крај на комуникацијата и пораките – сега навистина го завршив разговорот за тоа” – прецизира Колистер.

Ова не е прво истражување кое потврдило дека не треба да користите точка во СМС комуникација. И научниците од Универзитетот Бингхамтон лани открија дека испитаниците пораките со точка на крајот ги доживуваат како помалку искрени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1