Не сте биле во Охрид ако не сте пробале Охридска торта (Рецепт)


Ако сте биле во Охрид, а не сте пробале охридска торта значи не сте ги вкусиле сите убавини што ги нуди градот. Со овие зборови туристите и гостите го опишуваат познатиот охридски десерт, кој по уникатен рецепт се подготвува само во нашиот најголем туристички центар. Тие велат дека сочниот вкус на каремел, орев и чоколадо и дава на оваа торта неверојатна уникатност на која не можеш да му одолееш.

IMG_1990Од охридските слаткарници, кои подготвуваат охридска торта потврдуваат дека овој десерт убедливо е најбаран од туристите и е своевиден бренд на Охрид.

-Пред неколку години имаше една група туристи од Хрватска кои неколку дена престојуваа во Охрид. Беа околу 20-тина луѓе и буквално секоја вечер беа тука во нашата слаткарница и јадеа охридска торта. Пред заминување сите нарачаа по една цела торта за да ја однесат дома. Исто често се случува откако ќе пробаат од тортата гостите да не молат да им напишеме како се подготвува, раскажува сопственичка на слаткарница

Таа објаснува дека рецептот за охридската торта потекнува од традиционалната кујна на охридските домаќинки, а нејзината уникатност лежи во начинот на нејзиното подготвување.

-Можам слободно да кажам дека вистинска мајсторија е да се подготви оваа торта.

IMG_1985Најпрво се подготвува специјален карамел, кој се остава да се стврдне, па тој се толчи до ситен прав, кој потоа се меша со добро сварен крем од жолчки и во нив се додаваат мелени и сечкани ореви. Потоа кремот од жолчка и каремелот се мешаат со специјално подготвен фил од млеко, нишесте, шеќер и маргарин.

Се пече црн пандишпан со ореви и какао, а при формирањето на тортата се попрскува со специјално подготвен шербет. Тортата се филува како и сите други торти. На крај секогаш мора да се прелее со чоколадо, опишува Смилкоска.

Таа нагласува дека охридската торта не може да се јаде веднаш по подготовката, туку дека е потребно време таа да се стврдне и тестото да го впие сокот од филот, па препорачливо е истата да се послужи најмалку еден ден по подготовката.

ohridnews.com

Еве го рецептот за Охридска торта

ohrid torta Потребно е:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1/3 од подготвениот грилјаж

за шербетот:
½ лажица шеќер
1 чаша вода
2 лажици коњак

за грилјажот:
400 гр шеќер
400 гр ореви

за фил 1:
250 гр путер
250 гр шеќер во прав
4 жолчки

за фил 2:
250 гр путер
250 гр шеќер во прав
5 јајца
2 кесички ванилин шеќер
200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:
на грилјажот:
– Во сад на рингла ставете го шеќерот и топете го додека не карамелизира, пазејќи при тоа да не ви прегори. Додадете ги оревите. Оваа смеса вака врела сипете ја во навлажнета тава и оставете да се излади.

– Кога ќе се излади ставете го во аван и истолчете го. Од така добиениот грилијаж одделете 1/3 и оваа количина поделете ја на два дела.

– Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките со шеќерот со миксер. Кога ќе ги изматите намалете ја брзината на миксерот и со постојано матење додавајте ги жолчките една по една во шнето од белки. Потоа додадете го и брашното и половина од 1/3 од грилијажот што го одвоивте претходно.

– Од горната смеса треба да испечете две кори. Значи половина од смесата сипете во тава претходно обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.

на филот 1:
– Изматете ги пенасто путерот и шеќерот. Додадете ги четирите жолчки и продолжете да матите додека не добиете хомогена смеса. Додадете ја преостанатата половина од грилијажот.

– Земете една кора и попрскајте ја со претходно подготвениот шербет со коњак во него. Одозгора нанесете го филот 1.

– Одозгора ставете ја втората кора.

на филот 2:
– Изматете ги путерот и шеќерот како што направивте со филот 1. Додадете 5 жолчки и кога ќе се соединат додадете шне од 5 белки кои претходно ги измативте. Додадете истопено изладено чоколадо. Овој фил ви служи за премачкување на тортата одозгора (врз втората кора) и од страна.

– Кога убаво ќе ја премачкате тортата со филот 2, украсете ја по желба со шлаг или пак со растопено чоколадо.

###

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1