Не сум девојка на убиецот, сакаше и мене да ме убие – исповед на собарката од хотелот на ужасот во Нишка бања


Милица Д. (27), собарка во вилата „ДнД“ во Нишка бања, која во сабота утрото била сведок на убиството на сопственикот Дејан Дејанчевиќ (51), демантира дека била во љубовна врска со убиецот и рецепционер Дејан Јовановиќ (42).

Тој после злосторството се обидел да изврши самоубиство пукајќи си себе си во глава, но лекарите успеале да го одржат во живот, иако состојбата му е критична.ubiec

-Сакаше и мене да ме убие, едвај извлеков жива глава. Лага е дека сум била девојка на убиецот – тврди Милица Д., пред чии очи е убиен сопственикот на вилата.

Како што е утврдено во досегашаната истрага, има соменвање дека Јовановиќ му извадил пиштол на газдата, бидејќи бил опседат со младата собарка која наводно била во врска со својот работодавач. Меѓутоа таа тврди дека мотивот за злосторството не била љубомората, бидејќи не била во врска ниту со едниот ниту со другиот.1ubiec-640x432

-Не се точни написите дека со Јовановиќ сум била во љубовна врска, ниту пак дека мотив на злосторството е љубомора. Тој го уби директорот бидејќи тврдеше дека психички го малтретира. Јас замалку ќе настрадав, бидејќи бев сведок на убиството. Бегав од местото боса и без јакна. Тоа е единствената вистина за злосторството- рекла Милица.

И таткото на убиениот бизнисмен, Васа Асановиќ, тврди дека немал сознанија дека неговиот син бил во врска со своја вработена.

-Сите сме шокирани. Тој беше домаќин човек, оженет, татко на три деца и дедо на три внучиња. Работеше во Шведска, таму стекна и пензија. Не знам што му стана на Дејан да го убие мојот син, па беа најдобри пријатели. Тој дури го водеше со себе во Шведска – раскажал старецот низ солзи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1