Не викајте ги вонземјаните! Можеби ве слушаат!


Пред неколку години, малкумина веруваа дека некогаш ќе бидеме во можност да стапиме во контакт со интелигентни форми на живот, кои не се од нашата планета. Меѓутоа, времињата се сменија

-Не е претерување дека научниците можат да откријат вонземски интелигентни форми на живот во рок од две децении или помалку, рече Сет Шостак, астроном на Институтот СЕТИ во Калифорнија, обраќајќи се пред американскиот Конгрес.

28.06vonzemjani1СЕТИ е институт кој е во потрага токму за такви суштества, а еден од неговите основачи беше познатиот астроном и писател Карл Саган. Исто така, во СЕТИ работеа двајца нобеловци.

Д-р Штостак можеше да изнесе така храбро предвидување, благодарение на моќното оружје во СЕТИ арсеналот. Едно е телескопот Хабл, а другото вселенската опсерваторија Кеплер.

Кеплер откри 962 егзопланети во 72 ѕвездени системи, а меѓу нив и Кеплер-10ц, 17 пати поголема од Земјата за која се верува дека има услови за постоење на живи суштества.

Освен тоа Кеплер воочи 2.900 објекти за кои допрва треба да се утврди дали се планети.

Вреди да се напомене дека овој телескоп работи од 2009 година, што значи дека за исклучително кратко време забележал огромен број потенцијално населливи планети.

Експертите велат дека сепак, најголемиот број вонземски облици на живот, нема да бидат посебно возбудливи. Веројатно ќе станува збор за бактерии, амеби и алги, но и да постојат само две живи суштества, СЕТИ има причина да постои.

marsovecОвој институт го слуша универзумот за да детектира радио бранови кои можеби би можеле да испратат технолошки напредни цивилизации, како нашата.

И ние самите испраќаме радио сигнали и тоа во последните 100 години. Таквите емисии сега се наоѓаат повеќе од 100 светлосни години од нас, а СЕТИ предвидува дека најблиската е на 12 светлосни години од нас.

Поедини оптимисти веруваат дека на таквите сигнали ќе реагираат некои суштества како ЕТ вонземјани од филмот на Стивен Спилберг. Постојат дури и оние кои почнале активно да испраќаат пораки на вонземјаните. Значи, не само што го прислушувааат универзумот, туку и врескаат кои сме и каде живееме.

Со ваквото однесување не се сложуваат дел од научниците. Еден тоа го нарече „неразумот ризикување, затоа што немаме никакви информации за природата на тие вонземјани.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1