НЕ ЗА ЗАПАДНИОТ СУД – Косово го отфрли предлогот да им суди на поранешните борци на ОВК


Косовскиот парламент го одбија, и покрај притисоците, предлогот на Западот да основаат специјален суд за процеси против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК), етнички Албанци, кои се обвинети за воени злосторства, меѓу другото и за трговија со органи од жртвите во текот на војната 1998/1999 година против властите во тогашната српска покраина.uck-ovk-foto-profimedia-1429616797-644811

За прифаќање на предлогот по сугестија на западните сојузници на албанските власти во Приштина, недостигаа пет гласови на пратениците, а оваа одлука се смета за голем удар врз политичките и финансиски спонзори на Косово, САД и Европската унија, кои силно лобираа за соочување со обвинувањата за воени злосторства.

Предлогот во парламентот со 125 пратеници го поддржаа 75, а за носење на уставен амандман потребно е двотретинско мнозинство. Пратеникот на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар, изјави за медиумите дека „Многу сум разочаран од одлуката, но мораме да ја почитуваме“.

Сега расформираната Ослободителна војска на Косово, некогаш поддржувана од западните сили, последните години е обвинувана дека ги убивала српските цивили кои ги држела во заточништво, дека вадела органи од живи луѓе кои ги продавала на црниот пазар, како и дека убивала Албанци кои ги сметала за соработници на српските власти.kosovo01

Албанското мнозинство на Косово, како и голем дел од тамошното раководство од кои многумина биле припадници на ОВК, го отфрлаат, како што велат, „овој обид да се извалка востанието“ коешто во 1999 година доби воздушна поддршка од НАТО, односно бомбардирањето на Србија без каква и да е одлука на пошироката меѓународна заедница, во прв ред Советот за безбедност на ОН.

По сугестиите од Западот, сегашната косовска влада со месеци се обидуваше да го наговори парламентот да го дополни уставот и да овозможи формирање суд со седиште во Холандија, бидејќи сведоците стравуваат од притисоци и ликвидации, како што во минатото имаше случаи, како и од корупцијата во правосудните косовски власти.

САД и ЕУ, кои го поддржаа во 2008 година Косово еднострано да прогласи независност, сега ја предупредија Приштина дека несогласувањето да се формира судот ќе создаде опасност тоа прашање да го земе во свои раце Советот за безбедност при ОН, што би значело дека во тоа прашање ќе бидат директно вклучени и традиционалните српски сојузници, во прв ред Русија, а потоа и Кина. Москва не ја признава косовската независност, и ќе ѝ биде добредојдено да го изедначи статусот на Косово, со оној на самопрогласените и меѓународно непризнаени проруски енклави, како Осетија, Абхазија, Приднестровје или сега во побунетиот рускојазичен исток на Украина, ткн Народни републики Донецк и Лугнаск.

– Ние нема што да криеме. Имаме две можности: можеме самите да го формираме тој суд, заедно со ЕУ или САД, и така тоа прашање за три до пет години да го затвориме еднаш засекогаш. Доколку не го сториме тоа, работата ќе отиде пред Советот за безбедност на ОН и таму судот ќе го формираат противниците на косовската независност и тоа ќе трае 15 до 20 година“, изјави поранешниот премиер, сега шеф на дипломатијата, Хаши Тачи, и самиот поранешен политички командант на ОВК.

Опозицискиот пратеник Глаук Коњуфца од парламентарната говорница, пак, рече дека „Тој суд би ја менувал историјата. Тој би оставил впечаток дека Албанците сториле злосторства, дека сме биле агресори“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1