Истражувањето што било направено во станбените згради, покажало дека од 146 згради само во 9 имало исправни хидранти, а паничните светилки биле исправни само во 6 згради, во 3 делумно, додека пак, во 137 станбени не биле исправни
Пожарите во зградите може да ги доведат во опасност сите станари, а најчести предизвикувачи се неисправните електрични инсталации, плинските боци кои ги користат граѓаните во своите домови, како и невниманието при приготвувањето на храната. Ова беше посочено вчера на трибината за заштита од пожари во станбени згради, пишува Вечер
Секој станбен објект задолжително треба да има исправни ПП-апарати, хидранти, панични светла, систем за откривање на пожар, проодни ходници, да има пожарен куќен ред и каталог со упатства за граѓаните кои живеат во зградата, како и дека треба да се работи на подигање на свеста кај граѓаните за опасноста од пожарите.
Секоја зграда треба да има план за заштита од пожар
Апаратите за противпожарна заштита треба тековно да се одржуваат, секоја зграда треба да има план за одржување на зградата кој треба да го изготви управителот на зградата, како и да се одржуваат обуки и вежби за заштита од пожари, електричната инсталација треба да биде исправна, секоја зграда да има громобран, безбедно осветлување, исправна водоводна мрежа, надворешна хидраулична мрежа, внатрешна и сува хидраулична мрежа за да може пожарната единица успешно да интервенира.