На свои десет години тој престанал да оди во школо, а веќе на 14 работел со механика. Своите работодавачи ги импресионирал со своето техничко знаење, иако никогаш не научил да чита и пишува.
Осумдесет и петгодишниот Канаѓанец Витал Тебеј, кој е неписмен, со помош на копјутерски софтвер успеал да ја напише и објави својата автобиографија. Кога пораснал, работел како шеф на Асоцијацијата на ловци на крзна во Њу Брунсвик, па дури и ја патентирал замката за животни.
Кога заминал во пензија, посакал да има хоби, па отворил мрестилиште за риби, кои му донеле милиони долари заработка. Тој не дозволил да недостатокот во образованието му влијае на животот.
„Кога сум јас во прашање, не постои работа која не може да се направи. Јас не прифаќам „не“ за одговор“, изјавил Тебеј, кој своевремено Опра Винфри го повикала во емсија кога посакал да напише книга за својот живот.
Тоа беше шестгодишен процес. Прво морал да научи да користи компјутер, а пота и софтвер кој препознава звук и го пренесува во пишана форма. На софтверот не му било лесно да го препознае секој збор кој Тебеј го изговарал, поради неговиот специфичен дијалект. „За мене ова е најголемата авантура која ја имав во животот“, изјавил Тебеј кога конечно по напорната работа ја објавил книгата.
Погледнете го видеото: