Неда Арнериќ лекувањето ќе го продолжи во Виена


Српската актерка Неда Арнериќ успешно закрепнува и повторно оди, а рехабилитацијата ќе ја продолжи во една од бањите во околината на Виена, дознава српски „Курир“.neda-bolnica-640x376

Легендарната актерка, која на 12 мај падна од терасата на својот стан врз лимениот покрив и се здоби со повреди на вратот и ‘рбетот, ги направила првите чекори, за што сведочат и фотографиите од болницата кои „Курир“ ги објави.

Прогнозите на лекарите се одлични, но Неда и нејзиниот сопруг Милорад Мештровиќ решиле по нејзиното излегување од Ургентниот центар извесно време да се тргнат од Србија. Тие последните години редовно одат во тоа лекувалиште со термалните извори, кои се наоѓаат во околината на австриската престолнина.

– Лекарите на Неда ѝ препорачаа закрепнувањето да го продолжи во таков вид на центар. Неда и нејзиниот сопруг веднаш се договорија да одат во Австрија, во бањата која ја посетуваат веќе со години, бидејќи таму се чувствуваат убаво и сигурно – раскажал извор за „Курир“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1