Недостигот од јод негативно влијае на интелигенцијата и плодноста


Најновото истражување меѓу бремените жени во Чешка, покажува дека на една петина од нив им недостасува јод, што според експертите се должи на ниската конзумација на морски риби и јодизирана сол.

jod sol– Дефицитот на јод во бременоста или на детето во рана возраст може да влијае на слабиот развој на централниот нервен систем и ниската интелигенција, предупредува специјалистката за исхрана Зузана Хлинецка.

Според неа, како што јави дописникот на МИА од Прага, недоволното внесување на јод го ослабува имунитетот и предизвикува повеќе заболувања меѓу кои и канцерогени болести.

Исто така, тоа може да предизвика депресија и пореметувања на плодноста кај двата пола.

Хлинецка додава дека внесувањето на јод, кој го има во морските риби и алги и солта, помага кон целосно здравје на организмот, виталноста на кожата, косата и ноктите и поттикнува подобро согорување на мастите.

Препорачаната количина на јод за возрасен човек, која изнесува 200 микрограми дневно може да се дополнува и со разни препарати кои содржат биолошки активен јод

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1