Неготинско синоќа зафатено од невреме, во Куманово град


Невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер вчера доцна попладне и во вечерните часови го зафати Неготинско, а во околината на Куманово е регистрирана и појава на град, соопштуваат од УХМР.

Локална појава на пороен дожд и грмежи се регистрирани во северните и источните делови од Македонија. Во текот на ноќта, како што наведуваат од УХМР, на повеќе места имало појава на слаб дожд.nevreme poplavi

Според мерењата на Управата за изминатите 24 часа, до 8 часот изутринава наврнати се во Демир Капија 6 литри на метар квадратен, Берово три, Пожар два и Маврово еден литар на метар квадратен.

Денеска времето ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со слаб локален дожд претпладне. Подолги сончеви периоди ќе има во источните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови и ќе достигнат од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со температура до 23 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но утре се уште повремено ќе дува умерен до засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура постепено ќе расте.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1