Неговото лице се појавува меѓу жртвите на секој терористички напад: Откриена вистината за „Алфонсо“


Поради се почести појави на терористички напади ширум светот, многу недолжни луѓе ги изгубија животите.

Фотографијата од ова момче во повеќе наврати се појави на социјалните мрежи и секој пат наводно, тој е жртва на некој напад.alfon-640x853

Неговата фотографија се појави откако дојде до пукотницата во геј клубот во Орландо, потоа кога дојде до несреќата во авионот на „Иџипт Ер“ и беше “жртва“ на престрелките на улиците во Мексико.

Според пишувањето на „Обзервер“ и „БиБиСи“ профилите кои се отворени на социјалните мрежи на кои е објавена фотографијата од ова момче се направени во Мексико. Момчето често го ословуваат со името Алфонсо на социјалните мрежи.

„Човекот од фотографијата ми беше пријател и ме измами за пари. Истото го направи и со неколку други луѓе. Против него подигнав и граѓанско и кривично обвинение, но бидејќи тие процеси се бавни и тој се уште не ми ги има вратено парите, се одлучивме да го казниме на тој начин што ќе ја споделиме неговата фотографија на социјалните мрежи. Нашата цел е целосно да му ја уништиме репутацијата. Сакаме целиот свет да го запамети неговото лице“ – објасни еден од креаторите на налозите на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1