Негувателката од Аеродром не била задолжена за групата на повреденото дете- Дошла да пие кафе со колешките


Негувателката која со врело кафе го изгорела лицето на 5 годишно девојче во градинката „Чекорче” во Аеродром не била учителка на таа група, туку задолжена за деца во друга занимална.

Како што дознава zdravstvo24.mk во просторијата каде биле други нејзини колешки дошла да вари кафе.otkrivat-nova-detska-gradina-za-140-deca-v-sofiq-135255

Според одговорните во градинката таа направила престап и зошто вклучила грејно тело и тоа во непосредна близина на децата. Сето ова се случувало надвор од времето предвидено за пауза.

Поради овие факти и истурањето на кафето врз детето кое се наоѓало во креветчето уште вчера на негувателката и бил даден отказ од работа. Таа ја признала вината.

Соодветни мерки ќе бидат превземени и против воспитувачките на повреденото дете. Тоа со изгореници од прв степен околу окото и јаболчницата завршило на скопските клиники, а случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1