Хрватска прави измени во кривичниот закон. Стапуваат на сила по 1 јануари, а една од измените е што неисплатената плата ке се смeта како кривично дело.
доколку работодавецот не исплати плата за тоа ќе одговара кривично, освен доколку не се утврди дека некои работодавци од оправдани причини не биле во состојба да исплатат плата. Ќе се толерираат и оние газди кои не исплаќаат бидејќи немаат пари на сметките, но ако пари има а плати не се поделени тогаш тој газда ќе си добие кривична пријава.
Досега во Хрватска работникот на кого не му е исплатена платата можеше самиот да го тужи работодавачот на суд.
Со новите измени освен плата мора да се делат и потврди за исплаќање, доколку не газдата ќе се соочи и со кривично гонење.