Неизгасната цигара го запали Факултетот за физичка култура


Во Факултетот за физичка култура утринава од запалена канта за отпадоци избувнал пожар кој зафатил и дел од плакар, но целосно е изгаснат по брзата интервенција на противпожарната единица.

– Со навремената интервенција на единиците на противпожарната бригада не е дозволено пожарот да зафати дел од таванот на бараката и тој да се прошири. Се интервенираше со две противпожарни возила и шест пожарникари, изјавил Благоја Менковски, командант на бригада на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје .

ФОТО: Курир

pozar fakultet

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1