Нејмар не ги чувствувал нозете, за влакно избегнал инвалидитет!


Иако на прв поглед не делуваше многу сериозно, многу малку недостасувало Нејмар да има трајни последици од стартот на Камил Зунига, кој со колено удри во грбот на Бразилецот.

nejanmar povreden Според одредени наоди, коленото на дефанзивецот на Колумбија би можело да предизвика трајна парализа кај Нејмар , но за среќа избегната е трагедија.

Нејмар можеше да помине далеку полошо со оглед на тоа дека лекарите задолжени за овој случај открија дека доколку коленото на Зунига беше поставено само два сантиметри повисоко, Бразилецот би останал доживотно инвалидизиран!

Докторот на бразилската репрезентација Жозе Луиз Рунко изјави дека  кариерата на Нејамр не е загрозена а за целосно закрепнување ќе му бидат потребни 40 до 45 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1