Нејзината венчаница изгоре во пожар, стотина жени сакаат да и` ја подарат својата


Канадската невеста Елис Босоно требаше да венча викендов во Торонто, но нејзината венчаница е уништена заедно со продавницата од која е купена. Венчаницата изгорела во големиот пожар што ја зафати областа во провинцијата Алберта минатата недела.vencanica-640x427

Иако Босона и нејзиниот свршеник биле евакуирани од својот дом, заедно со десетици илјади други, тие решиле да продолжат со плановите за венчавка. Благодарејќи на моќта на интернетот и љубезноста на странците, таа доби нова венчаница.

Во желбата да се пронајде друга, слична венчаница и помогна нејзиниот пријател и фотограф Алекс Нири.

Тој на фејсбук напиша и за само неколку часа Елис добила понуди од неколку стотина странци кои сакале да и ја подарат својата венчаница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1