“Благодарни сме им на сите колеги на Дуле кои дојдоа за последен пат да се поздрават со него во Штип”, вели за Вест Лепа Љубисављевиќ, мајката на пејачот од дуото Дуле и Коки кој почина пред една недела.
Низ солзи, во телефонски разговор, таа рече дека желба на целото семејство е да заживеат сите необјавени песни на Дуле и Коки.
Дуото во изминативе две години го подготвуваше четвртиот албум. Најголемиот дел од песните се снимаа во студиото на Александар Митевски.
“Рано е да се размислува за издавање на албум, но има необјавени песни кои публиката треба да ги слушне”, рече виолинистот Никола Јанков-Коки.
Повеќе на – Вест
Видео: Американец полуде по Скопје