Некој чичко ги уби мајка ми и тетка ми


Децата останаа сирачиња. Kако можел да ги убие сестрите и тоа пред очите на двете малолетни деца. Едно од децата плачејќи истрчало кај соседите и им кажало “еден чичко ми ги уби мајка ми и тетка ми”.

ubistvo546Вака вчера за Дневник сведочеа соседите на убиената Наташа Ристиќ (34) и на сестра и Билјана Богдановска (31), кои вчера беа убиени во скопската населба Аеродром во станот на една од жртвите. Во нив пукал познаникот Игор Спасовски (36), кој по двојното убиство, си го одзел животот пукајќи си во глава.

Веднаш по злосторството, била повикана полицијата. Полициските екипи го блокираа влезот од зградата и целиот простор го оградија со полициска лента. Полицијата не дозволуваше да се влезе или да се излезе надвор од зградата. Со полициска лента беше затворено и местото каде што беше паркиран автомобилот на Игор.

Kрим-полицијата вршеше увид во станот, а на местото на убиството пристигна и обвинител.

Засега не е познато зошто Игор стрелал во двете сестри, а потоа се самоубил. Она што се знае е дека тој не бил татко на децата и дека тие биле деца од претходниот брак на Наташа. Жената била разведена.

Од она што можеше да се чуе на местото на убиството е дека вчера претпладне Игор, кој, најверојатно, бил во љубовна врска со Наташа, околу 11 часот со својот автомобил „форд фокус“ со бугарски национални ознаки дошол во скопската населба Аеродром. Возилото го оставил пред зградата број 42 на булеварот АВНОЈ, а потоа се упатил во зградата број 44 каде што на петтиот кат живеела Наташа со своите ќерка и син на возраст од 7 и 9 години.

Билјана утрото дошла на гости кај сестра си за да се поздрават бидејќи вечерта Наташа и децата требало да заминат на одмор во Грција. Игор заѕвонил, а вратата ја отворила Билјана, која во тој момент се спремала да си оди. Тогаш меѓу нив настанала расправија бидејќи сестрите не сакале да го пуштат да влезе во станот каде што во моментот биле и двете деца.

Игор ја турнал Билјана и влегол во ходникот. Го извадил пиштолот и почнал да и се заканува на Наташа да не оди на одмор. Потоа го вперил пиштолот во Наташа и испукал неколку куршуми, по што пукал во нејзината сестра Билјана.

Убиството се случило пред очите на двете деца. Откако ги убил сестрите, Игор се самоубил. Деветгодишното дете почнало да вика помош. Лелеците на децата, но и пукотниците ги чуле соседите, кои веднаш истрчале надвор и повикале полиција.

– Братучед ми живее во тој влез. Откако ја видов полицијата, се исплашив. Полицајците ми кажаа дека маж застрелал две жени, а потоа сам се самоубил. Потоа разбрав дека убиените биле сестри – ни изјави жена, која живее во соседната зграда.

Целиот текс можете да го прочитате тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1