Некој среќник доби 338 милиони долари на лото во Њу Џерси


Џекпот на американската лотарија „Пауербол“ во вредност од 338 милиони долари е извлечен во Њу Џерси, соопшти денеска официјален претставник на лотаријата.

lotoДобитник на џекпотот е едно среќно ливче од Њу Џерси.

Пред извлекувањето вредноста на џекпотот беше проценета на 320 милиони долари, но по пресметување на продажбата добивката се искачи на 338 милиони долари, што е четврта најголема „Пауербол“ награда досега.

„Пауербол“ лотаријата, под ова име постои од 1992 година и се игра во 42 американски сојузни држави, објави Ен-Би-СИ Њус.

Најголемиот џекпот во историјата на „Пауербол“ изнесува 587,5 милиони долари, но тогаш беа извлечени две добитни ливчиња во Аризона и Мисури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1