Нелоски: Владата ќе троши 1,7 милиони евра за нови возила


Додека Зоран Заев, на големо ги распродава државните и националните интереси, криминалниот картел расипнички се расфрла со парите на граѓаните.

На сметките на фирми кои се блиски до СДСМ, легнуваат милионски суми пари на граѓаните, а функционерите се натпреваруваат кој ќе се вози во полуксузна лимузина.

Додека економијата стагнира и бележиме најмал раст во регионот и во Европа, Зоран Заев двои милиони евра за набавка на луксузни лимузини. Додека се дограбија до власт, немаше протест во кој што не прашуваа за секоја набавка „колку Тамари чини”, а сега кога тие одлучија расипнички да ги трошат парите на граѓаните не помислувајќи на колку дечиња може да им се помогне со милионите што ги трошат за луксуз.

Почитувани,

Изминативе денови јавноста беше сведок на неколку скандали, како што е злоупотребата на парите од Фондот за иновации тешка 10,5 милиони евра на фирми кои се блиски до СДСМ, како и мега скандалот за тендерот во Министерството за здравство од 35 милиони евра кои требаше да легнат на сметка на фантомска фирма.

Но скандалите со злоупотреба на државни пари не застануваат тука. За Зоран Заев и криминалниот картел побитни се нивните лични удобности.

Зоран Заев лаже, Зоран Заев суши – лаже.

Не да нема поголема реализација на капиталните инвестиции, туку тие се рекордно ниски. Не да нема намалување на непродуктивните трошоци, туку набавките на мебел и лимузини најдобро врват кај Заеви.

Зоран Заев во неколку наврати ја лажеше јавноста дека владата на СДСМ нема да троши пари во луксузирање и непродуктивни трошоци.

Еве ја реалноста: Службата за општи и заеднички работи при владата на Република Македонија објави тендер за подновување на возниот парк на министрите и директорите на јавните претпријатија, за кој Заев велеше дека е нерационален.

Владата на СДСМ одлучи да потроши околу 1,7 милиони евра пари на граѓаните за да си купи нови возила, од луксузната линија на Фолксваген, Пасат.

Овие документи се објавени на страницата за јавни набавки.

Тендерот е распишан во мај годинава, а на него се пријавила само една компанија која е избрана за набавката. Станува збор за 45 возила кои граѓаните ќе ги чинат околу 1,7 милиони евра или секое возило чини околу 40 илјади евра. Инвестицијата на владата на Заев, се најлуксузната верзија на возилата на германската марка фолксфаген – пасат со црно метална боја и со затемнети стакла. Возилата ќе имаат кожен волан што возачот ќе може да го управува со глас. Возилата ќе стартуваат без клуч и самите ќе реагираат ако возачот е уморен. Исто така и функционерот кој ќе седи на задното седиште ќе има посебен сензор за прилагодување на климата додека седиштето ќе се прилагодува на телото на патникот со што ќе гарантира целосна удобност.

Очигледно е дека луксузирањето на министрите и директорите на Зоран Заев е многу поважно од обезбедување на бесплатна терапија за лица заболени од ретки болести.

Имено додека економијата стагнира и е со најниска стапка на раст во регионот и пошироко, министрите на Заев си се наградуваат со луксузни лимузини кои се разбира се купени од пари на граѓаните.

Одговорност за трошење на парите на граѓаните за луксузирањето на картелот на власта мора да има. Судството ќе се ослободи од канџите на оваа ненародна и криминална власт.

Во име на граѓаните ви порачуваме, поништете го тендерот, а доколку не можете, дадете ги на продажба возилата додека се уште не се амортизирани. За тие 2 милиони евра ќе им помогнете на многу дечиња или социјални случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1