Нема да има казни за наставниците – МОН и СОНК се договорија


Постигнат е договор меѓу Владата и СОНК. Ќе нема казни за наставниците во основното и во средното образование . Договорот предвидува подобрување на процесот на екстерното тестирање, зголемување на компетитивноста и подобрување на образовниот процес. Договорот нуди подобрени решенија во насока на валоризирање на трудот на наставниот кадар, со цел нивно стимулирање за постигнување подобри резултати.mobilen vo skolo

Доколку наставниците се најдат на листата со најголеми отстапувања во оценувањето на учениците, притоа, сé додека се наоѓаат на таа листа, можноста за кариерен напредок ќе биде во мирување, а обуките, односно советувањата и натаму задолжително ќе мора да се посетуваат.

Додека, за наставниците коишто ќе се најдат во првата половина на листата на наставници со најмали отстапувања, предвидено е зголемување на 10 проценти на платата за наредните 9 месеци, при што, по 3 последователни години доколку наставникот се одржува на оваа листа, ова зголемување на платата станува трајно.

Ќе се поедноставои водењето на педагошката евиденција. Од 2017-та година евиденцијата ќе се води само во електронски дневник. Се формира систем на награди за успешните професори.

Договорот следи по континуиран процес на преговарање меѓу Владата и репрезентативниот синдикат на СОНК. И двете страни се задоволни од постигнатото решение кое е во интерес на учениците и наставниците. Социјалните партнери најавуваат дека ќе го продолжат дијалогот за подобрување на условите за работа и решавање на проблемите во образованието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1