Нема да може повеќе да се губат и да се крадат Андроид телефони?


Да го изгубите телефонот или да дознаете дека некој ви го украл секако не е пријатно искуство. Сепак, новиот сервис на Google би можел да биде барем малку од помош во пронаоѓањето на телефонот и на заштитата на личните податоци.

iphone5-handson_67427aGoogle во почетокот на август најави нов сервис, според моделот на Apple и Windows Phone, Android Device Menager, кој овозможува лоцирање на изгубен или украден телефон и бришење на содржината на паметните телефони од оддалечени локации.

Ако не сте сигурни каде сте го оставиле телефонот во куќата, а сте сигурни дека не сте го изгубиле, можете дури и да му се јавите на својот телефон, или да овозможите тој да ѕвони со максимална јачина на тонот, така што ќе може лесно да го најдете.

Android Device Menager ви овозможува да пратите изгубен или украден телефон на мапа во реално време, заедно со информациите за неговото движење.

Овие опции ќе бидат достапни за сите Андроид уреди со верзија 2.2 и понова, а користењето ќе биде бесплатно. Исто така ќе биде понудена и апликација за полесно и побрзо користење на новата услуга.

Google на својот официјален блог наведува дека само треба да бидете најавени на сметката на Google за да ги користите сите сервиси на Android Device Menager.

Tocka.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1