Министерката Царовска уверува дека се работи на стабилизација на пензискиот систем и нагласи дека нема да има зголемување на старосната граница и нема да има замрзнување на пензиите.
Според Царовска, ќе се интервенира со цел да се стави под контрола буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголеми за 150% заради несоодветни политики.
Ќе се решат проблемите со нееднаквоста на пензиите на сегашните и идните пензионери и нееднаквата распределба во двостолбниот пензиски систем.