НЕМА ДОГОВОР: СДСМ инсистира на техничка влада


zaev gruevski

Без резултат заврши првата средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев, која заврши по помалку од два часа во Клубот на пратениците.

Заев по средбата изјави дека договор не може да има бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ немало расположение за прифаќање на клучниот услов, техничка влада. Тој порачал и дека не е оптимист оти ќе се најде решение.

-Разговорите поминаа во коректна атмосфера и се течеше добро, но некаде на крајот на разговорите господинот Заев побара техничка влада.  Тоа е нешто што ние не можеме да го прифатиме, бидејќи сега скоро формиравме влада, додаде Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1