Нема еднострано раскинување на договорите поради бременост


Кога избраниот лекар користи породилно отсуство, Фондот за здравствено осигурување нема да го раскинува еднострано договорот доколку тој не најде замена во рок од 35 до 270 дена. Како доказ, здравствената установа треба да приложи копија од два пати неуспешно објавен оглас за вработување на лекар од Агенцијата за вработување.

До вработувањето на новиот лекар (замена) се затвора факсимилот на лекарот и не се исплатува капитација. Ова го предвидува анексот на договорот со давателите на здравствени услуги од општа медицина, гинекологија и стоматологија што го усвои Управниот одбор на ФЗОМ.

bremena masko devojceСо новиот анекс договор, како што соопшти ФЗОМ, за општа медицина е направена измена во членот 15, каде се регулира режимот на препишување лекови од страна на матичните лекари. За листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, наместо досегашните 330 денари по поен, со новиот договор е покачена границата на најмногу 400 денари по поен годишно. Тоа значи дека матичниот лекар може на товар на средствата на Фондот, на осигурените лица кои го избрале, да им пропишува лекови на рецепт со режим на пропишување “Р“, како и лекови од групата на анксиолитици со режим на пропишување “Р“ и антибиотици со режим на пропишување “Р“, “РС“, “РСС“.

Матичниот лекар ќе може да пропишува одредени лекови самиот, и наместо како до сега, да добива 330 денари по поен, ќе добива 400 денари по поен.

fzom„Оваа измена е направена поради зголемување на бројот на лекови кои може да ги пропише матичниот лекар, наместо истите да ги препорачуваат специјалистите, односно субспецијалистите. Измената се должи и на досегашните анализи на лековите пропишани од матичен лекар на рецепт што Фондот ги направи, како и на барањата од Здружението на приватни лекари од примарна здравствена заштита поради возрасната структура на осигурениците кои извршиле кај нив избор“, информира Фондот.

За осум лекови по генерики со фармацевтска дожана форма, односно кај околу 70 лекови по заштитено име, е извршена измена во делот на режимот на пропишување. Овие лекови за кои досега била потребна препорака од специјалист, односно субспецијалист, отсега ќе може да ги пропишува матичниот лекар самостојно.

Анексите на договорите Фондот ќе ги склучува со здравствените установи во електронска форма преку користење на електронскиот потпис со валиден дигитален сертификат од електронската картичка за здравствено осигурување (ЕЗК). Потпишувањето на анексите на договорите ќе се врши преку порталот на Фондот на истиот начин на кој електронски се потпишуваа и договорите за 2014 година.

Анексите на договорите за општа медицина, гинекологија и општа стоматологија, со кои е дадено правото на избраниот лекар, кој користи породилно боледувања 270 дена да не вработи лекар замена, стапува во сила од 1 септември 2014 година.

Анексот на договорот за општа медицина каде е направена измена во членот 15, стапува во сила од 1 октомври годинава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1