Нема екстрадиција за осомничените Косовци за убиството на децата на Смилковско езеро


Првообвинетите за тероризам Алил Демири и Африм Исмаиловиќ не се знае дали воопшто ќе бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи имале двојно државјанство, изјавил косовскиот министер за правда, Хајредин Куци, за порталот Сетајмс

monstrum– Косово не ги екстрадира своите државјани. Двете лица за кои станува збор се косовски државјани, покрај тоа што имаат македонско државјанство – изјави министерот Куци за Сетајмс.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ беа уапсени на Косово и сега судските власти во Приштина им судат за нелегално поседување оружје.

Македонската полиција и Интерпол во мај лани, по нив распиша меѓународна потерница.  Двајцата заедно со братот на Африм, Агим Исмаиловиќ кој е во притвор во Македонија, обвинителството ги товари дека ги убиле четирите момчиња и рибарот на брегот од Железарското eзеро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1