Нема каква сакаш фризура – Владата кажува како да се шишаат (Фото)


Без разлика што модата наметнува асиметрични шишки и посветли прамени, жените во Северна Кореја нема да ја следат. Тие можат да изберат помеѓу само 18 фризури кои се дозволени во оваа земја а ги дозволи владата. Во прилог на строгите правила, емисијата нудеше сомнителни “научни” докази, дека долгата коса ја исцрпува енергијата од мозокот.

koreja frizuriИако “колекцијата’ од 18 фризури значајно ја ограничува фантазијата на дамите, за жените од Северна Кореја списокот е уште пократок. Додека девојките можат да носат шишки, плетенки и шноли во косата, на омажените жени им се препорачува строго кратка коса, или подолга прибрана коса со трајни локни.

Строгите правила се однесуваат и на мажите, кои мораат да имаат кратка коса уредно средена. Кратењето на косата за нив е задолжително на секои 15 дена, а должината на влакната не смее да надминува пет сантиметри.

Пожелниот изглед одамна е промовиран во емисијата со име “Да ја средуваме косата во склад со социјалистичкиот стил на живот”, која во Северна Кореја е емитувана уште во 2005 година. Продуцентите на емисијата испраќаа на терен скриена камера, кои ги фаќаа натрапниците чија фризура не се вклопувала со одредбите. Потоа.

Нивните имиња беа јавно објавувани, за останатите кои ги почитуваат правилата, да ги исвиркаат и да им се смеат.  Во прилог на строгите правила, емисијата нудеше сомнителни “научни” докази, дека долгата коса ја исцрпува енергијата од мозокот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1