Нема настрадани и повредени Македонци во нападите во Париз


Од Македонската амбасада во Франција за МРТ соопштиле дека засега нема настрадани и повредени Македонци во синоќешните напади во Париз, во кои според досегашните сознанија животот го загубија најмалку 126 лица, во 7 синхронизирани напади.pariz teroristi

Габриел Атанасов, министер советник во Македонската амбасада во Франција, во телефонска изјава за МРТ вели дека досега никој не побарал помош од Амбасадата. Додава дека македонската амбасада е во контакт со Македонците кои живеат во Париз, и исто така е во контакт со останатите амбасади во француската престолнина.

На социјалните мрежи од синоќа се споделува адресата на Амбасадата на Македонија во Париз: 21, rue Sebastien Mercier 75015, како и телефони за контакт: 331 45 77 10 50, 331 45 77 85 77, 331 45 77 10 73, 331 45 77 89 63.

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз, а премиерот на Франција, Оланд, нападите ги нарече „акт на војна“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1