Нема нова вонредна состојба, Пендаровски свика лидерска средба


Претседателот Стево Пендаровски одлучи да нема ново петто по ред продолжување на вонредната состојба и таа да заврши во сабота на полноќ. Според шефот на државата повеќе не постоеле причини за вонредна состојба. Според информациите што ги добил од владата биле обезбедени доволни количества медицинска и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на националната економија, за кои постои покритие во буџетот.

Иако вели дека вонредната состојба не треба да се доведува во релација со датумот за избори, Пендаровски за попладнево најави средба со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да го договарат изборното соочување. Претседателот бара инклузивен изборен процес за да се одбегне политичка криза.

Пендаровски откри дека и досега секојдневно комуницирал со двајцата лидерри, и дека разликите околу датумот за избори се од 8 до 15 дена.

Според него изборниот ден сосема е возможно и потребно да биде во работен ден со цел да се зголеми излезноста која и онака ќе биде мала и поради здравствената ситуација со КОВИД 19 и поради летниот период. Во случај на договор меѓу Заев и Мицкоски различен од 5 јули, Пендаровски рече дека е подготвен да прогласи ад хок вонредна состојба за да се донесат потребните уредби за изборите.

Шефот на државата до крајот на месецот веројатно ќе прогласи уште две наменски кратки вонредни состојби од по неколку дена. Првата во текот на наредната недела за да се овозможи на владата да донесе уредба за испраќање на војници во мировна мисија. Втората некаде кон крајот на месецот, за да може да се продолжи кризната состојба на јужната граница поради мигрантите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1