Нема нови болни од морбили,од утре се проверуваат сите здравствени картони


Нема нови случаи на заболени од морбили, информираат од Министерството за здравство и додава дека од утре почнува проверка на картоните на сите деца за да се утврди дали има невакцирани од оваа болест.

На клиниката за инфективни болести се примени пет деца, најмалото од една, а најстарото од 11 години.

Вчера беше прогласена ограничена епидемија на морбили (мали сипаници) на територијата на скопската општина Гази Баба од каде што се сите заболени деца..

Министерството за здравство во соработка со Центар за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје почнува вакцинација на сите лица на возраст од 6 месеци до 60 години, доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани на територијата на општина Гази Баба во областа „Кванташка депонија”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1