Нема објаснување за езерото што исчезнува во САД


Изгубеното Езеро, кое се наоѓа во Орегон, САД, мистериозно исчезнува, а научниците немаат објаснување зошто се случува тоа

Во поголемиот дел од годината ова езеро изгледа како и секое друго, но на почетокот на зимата, мистериозна дупка почнува да ја вшмукува целата вода од него и го исушува.lost-lake

Џуд Мекхју, портпаролка на националниот парк Виламет, вели дека оваа дупка постои во езерото отсекогаш. Никој со сигурност не знае што ја предизвикува оваа појава, но геолозите имаат теорија, која би значела сосема едноставно објаснување.

Тие тврдат дека вулканското земјиште е виновно за дренажата на езерото. Наводно, под езерото се формирала цевка кога лавата се стврднала близу до површината и почнала да тече надолу. Кога ерупцијата стивнала, цврстите цевки се испразниле од лава и така создале тунели.

Слични дупки се пронајдени и во Рибиното Езеро што се наоѓа недалеку од ова. Сепак, останува нејасно прашањето каде оди водата и како потоа се враќа.

Цуд смета дека земјата е порозна и ја впива, а потоа водата оди во околните планини.
Ништо од ова не е научно потврдено. Интересно е тоа што локалните жители наоѓале чудни предмети во езерото, како автоделови, мотори и други отпадоци. Наводно, луѓето се обидувале да ја затнат дупката, иако тоа е невозможно и доведува само до поплави на околните места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1