Нема одење на лекар во среда – кој закажал, ќе биде примен во сабота!


Поради денот на дрвото кој е ќе се одржи во среда на  на 27 ноември, се одложиваат сите закажани здравствени прегледи и сите интервенции. Ова го објави министерот за здравство Никола Тодоров.

lekar44Како што појасни тој, пациентите на лекар ќе трба да одат и ќе им биде презакажано  во сабота на з0 ноември, бидејки во среда ќе се садат дрва и е прогласена за неработен ден,  а од друга страна не е дел од празниците кои се предефинирани во системот.

„Од тој аспект околу 5.500 интервенции кои се закажани за среда ќе бидат презакажани за сабота. Го повикувам сите граѓани во Македонија кои имаат закажано интервенција или преглед во јавното здравство во рамки на проектот „Мој термин“ наместо в среда да ја побараат својата здравствена услуга во сабота кога ќе биде работен ден“, побара Тодоров.

Годинава денот на дрвото има и здравствено мото „Садење за подобро здравје“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1