cat-7-Хауард сега има 67 години, западнат е во долгови и се обидува да се извлече настапувајќи со стенд ап комедии по британските барови. Но, цел живот  живеел со многу пари заработени од дрога,постојано опкружен со убави жени.
Веднаш по диломирањето на Оксфорд, почнал да создава поцврсти врски со дилерите на марихуана која самиот ја пушел. Во седумдесетите почнал да тргува со дрога ширум Лондон. Парите биле главен мотив да ризикува – вели тој за Телеграф.  Набргу почнал да шверцува хашиш на релација Франкфурт – Лондон. Дрогата ја криел во мебел на пакистанси дипломати кои патувале за Велика Британија.

Учествувал во пренос на пратка од 30 тони од Тајланд до Кина. Тогаш заработил 700 000 фунти. Само за една помината пратка хашиш преку аеродромот Кенеди добил 3 милиони фунти.

– Заработував просечно по три милиони годишно. Спротивно на изреката, мислам дека парите можат да го направат човек среќен!

Прв пат бил уапсен кон крајот на седумдесеттите. Од затвор излегол по две години и продолжил со „бизнисот“. Пак е фатен кон крајот на осумдесеттите.

Судот во Флорида го осудил на 25 години затвор, но одлежал само седум.

По излегувањето од затвор во 1996 ја напишал автобиографијата Mr. Nice. Најс е неговиот прекар, бидејќи го користел пасошот на осудениот убиец Доналд Најс. По објавувањето на книгата заработил 500 000 фунти, а чекови пристигаат  до ден денес. И покрај огромната сума успеал да потроши повеќе, најмногу на жени, поради што го оставила сопругата. Денес е сиромашен но пак среќен. Вели – најважно ми е што сум на слобода, не мислам на пари!!!

Kanal 5