Нема поскапување на болeдувањето и досега се плаќало 30% – демант од Труд и Социјала


Поскапеа боледувањата до 15 дена кои ги издаваат матичните лекари, а се на товар на работодавците. Така, ако порано за отсуство од работа до две недели, на работникот му се кратеше 20 отсто од платата, сега за истото тоа боледување му се одбива 30 отсто од месечните приходи, или за боледување до 15 дена се исплаќа 70 отсто од платата., објави Утрински весник. Еве ја целата информација

Ќе ви кратат повеќе од плата ако одите на боледување – Поскапеа боледувањата до 15 дена

Но пристигна и Демант од Министерството за труд и социјална политика. Ви го пренесуваме во целост 

ordinacija lekarВо интерес на вистината ве известуваме дека воопшто не се размислува или пак подготвува менување на законот со цел менување на системот на исплаќање на надоместок на платата и во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди.

 Исто така попрецизно ги наведуваме областите со коишто се регулира ова право, но веднаш на почеток сакаме да појасниме дека станува збор за право регулирано потесно во  општите колективни договори во јавен и приватен сектор при што Општиот колективен договор за сприватниот сектор е потпишан помеѓу Организацијата на работодавачите на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија, или со други зборови, документ во кој не учествува Министерството

Имено, согласно со Законот за работните односи во уредено е прашањето во врска со надоместок на плата при што Работодавачот исплаќа надоместок на платата и во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди до 30 дена, а над 30 дена се исплаќа на товар на здравственото осигурување. Во случај на отворање на ново боледување во рок од три дена од престанокот на претходното боледување, работодавачот има право да побара од првостепената лекарска комисија да го потврди новото боледување или да го продолжи прекратеното старо боледување.

Во случај на неспособност на работникот за работа поради повреди настанати заради необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот, работодавачот исплаќа надоместок на плата и над 30 дена, врз основа на записник од органот на државната управа надлежен за работите од областа на инспекцијата на трудот. Во записникот од извршениот увид кај работодавачот инспекторот на трудот е должен да наведе дали конкретната повреда е поради непреземање мерки за безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот. Примерок од записникот инспекторот на трудот доставува и до Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

lekariИсто така, за појаснување на јавноста Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) никогаш не исплаќал помеѓу 80 и 90% од плата, туку 70% на просечно исплатената плата на работникот и 85% за заболените од карциноми, 100% за повреда на работа и професионално заболување, доброволно дарување на крв, органи или ткиво, породилно отсуство, адаптација и посвојување на дете. Воедно ФЗОМ го исплаќа надоместокот на плата над 30-тиот ден, на над 31-от, а за определени категории како што се: нега на дете до 3 годишна возраст, породилно отсуство, адаптација и посвојување на дете, доброволно дарување на крв, органи и ткива, ФЗОМ го исплаќа надоместокот од првиот ден на спреченост на работа.

Како што веќе рековме, надоместоците на плата се уредени и во членот 28 од Општиот колективен договор за приватниот секторпотпишан помеѓу Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати тоа како право е утврдено дека  Работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за:

 – боледување – за време на привремена неспособност за работа

 А во членот 31 предвидено е дека  За време на времена неспособност за работа до 15 дена работникот има право на надомест на плата во висина од 70%, а над 15 почнувајќи од првиот ден на боледувањето за сите денови од 90% од основицата утврдена со закон ,како и  надомест на плата во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот.

lekariВо делот кој ги регулира останатите видови на надоместоци во членот 35-б предвидено е дека за непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа  или професионално заболување согласно колективен договор на ниво на дејност  или на ниво на работодавач се исплатува надоместок во висина од основицата. Основицата за пресметување на надоместокот од став 1 на овој член преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

Исто така, надоместоците на плата се уредени и со Општиот колективен договор за јавниот сектор каде што во Член 19  стои:

 Работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за:

– време на привремена неспособност за работа поради болест;

 За време на привремена неспособност за работа поради болест и

повреда, согласно со закон, работникот има право на надоместок на плата

во висина од:

 – 70% за период до 7 дена;

 – 80% за период до 15 дена и

 – 90% за период до 21 ден,

почнувајќи од првиот ден на боледувањето, од просечно исплатена нето плата на работникот во претходните три месеци.

 Во случаи на спреченост за работа поради професионални

заболувања и повреди на работа, давање на крв и за други случаиутврдени со закон, надоместокот се утврдува во висина од 100% од основицата утврдена во став 1 на овој член.

Да заклучиме. Со Законите се регулираат општите услови, а се допрецизираат со други подзаконски акти. Со Општиот колективен договор се уредуваат правата, обврските, условите и начинот на остварување на обврските и правата, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови на работниците и работодавачите од работен однос, и тие се регулираат помеѓу застапниците на работниците и работодавачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1