Нема поубаво од домашно – направете густи сок од кајсии и вишни


Состојки

  • 10 кг кајсии
  • 7 кг вода
  • 1 и 1/2 шеќер
  • 2 пакетчиња лимонтус

Подготовка

sok kajsiiВреме за подготовка на сокови.
Направив неколку вида на сок од кајсии, па еве да кажам за фрукталот.
Добро се мијат кајсиите.
На 10 килограми кајсии им се отстрануваат семките и им се додава 2 литри вода.
Вријат околу 10 минути, а потоа се пасираат и се процедуваат.

(Јас си ја употребив машинката за мелење на овошје и отстранување на лушпите.)

Во процедениот сок се додава уште 5 литри вода и се сатава во шерпата на оган. Почнува да врие сокот и се вади пената која излегува.

(Пишав шерпата, затоа што јас не направив една доза туку ставив повеќе кила кајсии, па ми требаше поголем лонец )

Откако ја исфрлав пената, го додавам шеќерот и се промешува. Се вари околу 30 -40 минути. Пред крајот му ставам лимонтус и промешувам. Собирам во шишиња, додека е сеуште топло.

Додека јас го собирам сокот, во друга шерпа ставам вода да се замлачи. Наполнетите и добро затворени шишиња, ги враќам назад во топлата вода која ја ставив претходно. Ги завиткав шишињата да не прснат од огнот и ги оставив да зовријат еднаш, да се вакумираат капачињата.Така ги оставам на оганот се додека не се излагат скрос. Потоа ги редам во гајби и спремни се за конзумирање на зима. Домашните сокови, обично ги користиме на зима, кога нема свежо овошје.

Густ сок од вишни

sok visniСостојки

  • 3 кг вишни
  • 3 пакетчиња лимонтус
  • 2 литри вода

Подготовка

Вишните ги миеме добро и ги гмечиме со раце.
Пасираме добро втријувајќи ги вишните на цедалката
Откако ја завршивме оваа постапка додаваме лимонтуси и вода и оставаме да стои 24 часа.
Потоа сокот го прецедуваме и мериме колку течност има.
Колку течност ќе ни испадне толку шеќер ставаме.
Го промешуваме добро и ги полниме шишињата.
Добро ги запечатуваме.
Сокот е густ.
Јас ги вријам шишињата затворени, запечатени, околу 30 минути.
Рецептот е стар многу одамна и мајка ми не го вриеше воопшто.
Значи може да не се вријат шишињата туку само да се запечатат.

 
moirecepti.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1